Huawei објави дека планира да го претстави својот прв 5G смартфон на медиумски настан во Лондон на 16. мај. Знаеме дека кинеската компанија ќе имплементира 5G во својот флексибилен уред Mate X, но од појавата на овој телефон на пазарот не дели уште некое време. Поради тоа, првиот 5G паметен телефон на кинеската компанија ќе биде некој друг модел.

Голема е веројатноста дека првиот Huawei 5G телефон ќе пристигне во форма на Mate 20 X моделот, кој ќе биде најголем во Mate 20 серијата. Mate 20 X ќе има 7.2-инчен OLED дисплеј, со FHD+ (2244 x 1080) резолуција, моќен Kirin 980 процесор, голема батерија од 5000mAh и ист систем со три камери кој го има и Mate 20 Pro. Се очекува дека за разлика од Pro моделот, Mate 20 X ќе има сензор за отпечатоци од прст на задната страна.

Доколку се точни гласините, новиот телефон ќе го има и Balong 5000 5G процесорот на компанијата. Објавата на Huawei Mate 20 X телефонот се очекува на 16. мај во Лондон.