За време на овогодинешниот Саем на книга, компанијата Книготека ќе го промовира првиот македонски агрегатор за продажба на електронски книги. Во дигиталната книжарница за почеток може да се најдат книги од неколку познати македонски издавачки куќи, Антолог, Сакам Книги, Или-Или, Бата Прес, Бегемот и Полица.
Електронските книги ќе се купуваат и читаат преку Android апликацијата Книготека, а цените на истите ќе бидат скоро двојно пониски од печатените изданија. Наскоро ќе биде промовирана апликацијата и за корисниците на Ios оперативниот систем.
Книготека апликацијата овозможува избор на книги по омилен жанр, автор, издавач, како и најнови и најпродавани изданија. Пред да се одлучат да купат одредено издание, читателите ќе имаат можност да прочитаат извадок од книгата.
Читањето може да се приспособува во зависност од потребите на читателот, со што е овозможен избор на соодветен фонт, големина на текстот и боја на екранот, подвлекување на текстот и додавање белешки и обележувачи, пребарување во книгата по одреден збор или фраза, пребарување на непознатите поими преку Google и Wikipedia алатките. Купените книги ќе може да се читаат без интернет конекција.
Целта на овој проект, поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој, е промоција на дигиталната култура и читањето, технолошки феномен што се помасовно го зафаќа светскиот пазар. Книгите ќе бидат брзо и лесно достапни за секој наш граѓанин, каде и да се наоѓа во светот.
Преземете ја бесплатната апликација тука и преку брза и едноставна регистрација купете ги најпопуларните книги на македонски јазик.
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.fondacija.knigotekaMk
За времетраењето на Саемот на книга, од 8 до 14 мај, со секое преземање на Книготека апликацијата корисниците добиваат по една бесплатна книга по избор со помош на ваучер што може да се подигне на штандовите на издавачките куќи кои се дел од дигиталната книжарница.