Google објави дека мејл пораките во Gmail ќе бидат покорисни и поинтерактувни во иднина, бидејќи наскоро ќе станат подинамични. Ова значи дека мејловите ќе можат да се ажурираат во рамките на сандачето, или на корисникот да му овозможат да одработат некоја акција без потреба да се напушта тој inbox.

Првиот пример, кој Google го прикажа за опис на оваа функција е документот кој ја коментира темата во Google Docs. Наместо да се види мејл за новиот коментар на кој корисникот би можел да одговори, динамичкиот мејл во Gmail ќе овозможи на тој коментар да се одговори од самата порака.

Ова исто така значи дека деловните корисници ќе можат да ги ажурираат мејловите кои им испраќаат на корисниците, така што секогаш се достапни актуелните информации. Google ги уверува корисниците дека сите информации и функции ќе бидат заштитени.

Новите динамички мејлови веќе почнаа да им пристигаат на веб корисниците, а наскоро ќе биде достапна и поддршка за мобилните уреди.