Оперативниот систем на Google наменет за употреба во автомобили доби мало, но значително освежување. Компанијата ја претстави новата верзија на Android Auto системот, која отсега ќе има темен режим на работа.

Новиот Android Auto би требало да биде поедноставен и побрз, со поголема интуиција и автономија, а ќе доаѓа со вграден темен режим. Во новиот дизајн на овој оперативен систем се истакнува нова, динамична навигациона лента на долниот дел од корисничкиот интерфејс. Наместо досегашните статични бели копчиња на црна подлога, новата верзија им овозможува на дел од апликациите да преземат дел од навигационата лента и така обезбедува поголема контрола без притоа возачот да има потреба да го активира модот на целосната апликација.

На пример, доколку користите Google Maps за да го најдете патот до одредена локација, но ја немате отворено целосната апликација, навигационата лента ќе ви го покаже следниот чекор, односно следното упатство или свртување. Доколку ја имате отворено целата мапа навигационата лента ќе ги покаже, односно истакне контролите Play, Pause и Skip.

Извор: Klix.ba