Британски социолози објавија дека Facebook до 2070 година ќе има повеќе мртви отколку живи корисници.

Според бројот на корисници на Facebook од 2018 година и демографските истражувања на ОН, експерти од Оксфорд заклучија дека до крајот на овој век ќе умрат најмалку 1,4 милијарди корисници на социјалната мрежа.

Ако Facebook заедницата продолжи да расте како досега, бројот на мртви корисници до крајот на овој век ќе изнесува вкупно 4,9 милијарди, што е скоро двојно повеќе од постоечките, 2,37 милијарди корисници.

Порастот на мртвите корисници поттикнува важни прашања за нивното виртуелно наследство, а еден од авторите на истражувањето, Дејвид Вотсон, нагласи можност за потреба податоците на Facebook да станат историска архива на човечката култура.

Извор: Klix.ba