Најавен како супер проект на почетокот на оваа година, моќниот смартфон Energizer Power Max P18K Pop со батерија со капацитет од 18.000 mAh стана само уште еден неуспешен проект.
Еден од најдолго најавуваните паметни телефони со можност за репродукција на видео и од 200 часа без дополнително полнење, не предизвика голем интерес. Компанијата не беше подготвена за масовно производство на таков уред, па одлучи да собере средства преку crowdfunding на Indiegogo. Како што се испостави, интересот беше рамен на нула.
Avenir Telecom, кој произведува паметни телефони под брендот Energizer, имаше намера да собере нешто повеќе од еден милион евра на Indiegogо, но таму само 11 лица уплатиле околу 13.500 евра. Ова е 1% од потребниот износ. Како резултат на тоа, Energizer Power Max P18K Pop остана само прототип.
Поврзани артикли