Половните телефони се многу популарни, затоа што им се подостапни на корисниците, кои немаат или не сакаат да вложат многу пари во нови модели, кои се се поскапи со секоја нова генерација.

Во текот на 2017-та година, според резултатите од истражувањето на компанијата Swappa, која се занимава со посредување при продажба на половни телефони во САД и уште неколку други земји, корисниците и натаму покажуваат огромен интерес за купување на половни, но квалитетни и сочувани телефони.

Ова компанија му нуди можност на корисник од друг корисниц да го купи телефонот кој го посакува, кој е поволен, но е предмет на Условите за користење, кои кориснците т.е. нивните модели мораат да ги исполнат пред да дојде до купување, т.е. продажба.

Најпопуларен бренд меѓу половините телефони убедливо е „Samsung“, a на листата се најде и „Google Pixel“, во кој корисниците имаат се повеќе доверба. На листата е и „Nexus 6P“, кој навистина е еден од најдобрите „Android“ телефони досега, неправедно запоставен поради односот кој „Huawei“ и „Google“ го „развија“ откако интернет гигантот одлучи на „Nexus“, т.е. „Pixel“ телефоните повеќе не сака да го става логото на производителот на телефонот.

Најпродаваните половни телефони во 2017-та:

– Samsung Galaxy S7, со просечна цена од 309 долари

– Samsung Galaxy S6, со просечна цена oд 199 долари

– Samsung Galaxy S7 Edge, со просечна цена oд 368 долари

– Samsung Galaxy S5, со просечна цена од 104 долари

– Google Pixel XL, со просечна цена oд 586 долари

– Nexus 6P, со просечна цена oд 293 долари

– Samsung Galaxy S8 Plus, со просечна цена oд 615 долари

– Samsung Galaxy S8, s prosečnom cenom od 550 dolara

– Google Pixel, со просечна цена oд 495 долари и

– Galaxy Note 8, со просечна цена oд 726 долари.

Интернет страницата „PhoneArena“ наведува дека не се објавени податоците за тоа колку точно пoловни уреди се продадени во текот на 2017-та во САД и другите региони, но наведува дека во истражувањето се опфатени неколку стотина илјади трансакции, а тоа е јасен показател дека пазарот на пловни телефони „цвета“.

Извор: Mondo.rs