Корејскиот гигант објави дека наскоро ќе претстави многу интересна новина во понудата на своите автомобили

Корејската корпорација под која се Kia и Hyundai работат на развој на технологија која ќе овозможи адаптација на моторните перформанси на електричните возила со користење на паметни телефони. Веќе сега е познато дека возачите ќе можат да ја користат новата технологија за прилагодување на најмалку седум функции. Ќе може да се прилагоди максималниот вртежен момент, стартувањето на моторот, регенеративно сопирање, максималната брзина, режимот на забрзување, енергетската ефикасност и потрошувачка на енергија при користење на климата.

 „Со оглед на тоа што планираме да лансираме 44 еколошки прифатливи возила, меѓу кои и 23 електрични возила, го гледаме потенцијалот на технологиите и услугите за возила без мотори со внатрешно согорување“, вели ЈеонгСо Ео од Hyundai Motor Group и продолжува: „Со развојот на технологијата на мобилност продолжуваме да го подобруваме корисничкото искуство на електричните возила, приспособени кон индивидуалните желби“.

Оваа технологија станува исклучително интересна од перспектива на Car Sharing (споделување на автомобилите) и ќе овозможи ограничување на поставките пропорционално на профилот на возачот. Исто така, апликацијата ќе ги анализира оптималните поставки за пристигнување до дестинацијата со анализа на преостанатото растојание и предвидената потрошувачка на енергија.

Исто така, планирано е споделување на поединечни поставувања помеѓу корисниците, а може да се користат и предложените фабрички поставки за секоја конфигурација на маршрутата.

Употребата на оваа технологија во возилата на сестринските компании, Kia и Hyundai, се очекува во блиска иднина.

Извор: Додај Гас