Најпрвин почнавме да ставаме микрочипови на домашните миленици. Брзо, безболно и
едноставно со посебни инјекции се поставува чипот со информации под кожата на кучињата
или мачките. Веќе тогаш многумина се згрозуваа и сметаа дека тоа е целосно неприродно,
но со тек на време чипувањето стана стандард. Дали истото ќе се случи со вградувањето
импланти и чипови кај луѓето? Многу веројатно, иако денес на тоа се гледа како на
експеримент.

Така, организаторите на технолошкиот и културен фестивал Pause Fest, кој на почетокот на
февруари идната година се одржува во Мелбурн, дојде до идеја на десетте волонтери кои
работат на фестивалот да им постави импланти со вградени NFC (Near Field Communication)
микрочипови.

Според наводите на Pause Fest, со целосно безбедна и безболна постапка чиповите се
поставени под кожата во пределот меѓу палецот и показалецот на раката, а на волонтерите
им овозможуваат непречен влез и користење на услугите во ВИП зоната на фестивалот.
Додека противниците на чипувањето уште еднаш се згрозуваат од тоа што мислеа дека ќе
се случи во далечна иднина, од Pause Fest порачуваат дека станува збор за технологија која
е повеќе од корисна, едноставна и многу набрзо ќе стане стандард.

Извор: Zimo.hr