Телеком операторот Vodafone лансираше во Катар нова услуга на база на 5G технологијата во партнерство со кинескиот снабдувач на опрема Huawei. ВИП-понудата за домашни корисници чини над 400 долари месечно, пренесе Gizchina.
Услугата Vodafone GigaHome обезбедува 5G покриеност на целиот дом со помош на концентратор Gigabit Wi-FiHub и мрежа GigaNet која обединува мобилни технологии 5G и оптички врски.
Корисниците добиваат пристап до бесплатни ТВ канали и видео на барање од целиот свет. Услугата е достапна не само за купувачите на нов дом – туку може да се распореди и во постојните простории за живеење.
Инсталацијата на Vodafone GigaHome е бесплатна. Основната цена од 99 долари месечно вклучува интернет пристап до 100 Mbps и 4 до 6 терминални врски во исто време.
Стандардниот пакет од 500Mbps чини 165 долари месечно, а ВИП-пакетот обезбедува целосна брзина од 5G услуга и поддршка за 10 терминали за 412 долари месечно.