Филијалата на Huawei, Honor официјално го претстави својот најнов буџетски смартфон – Honor 8S. Уредот неодамна веќе имавме прилика да го видиме преку протечени информации, а официјалните спецификации не откриваат нови детали. Телефонот има единствен заден дел со двојна текстура, изработена од пластика.
Honor 8S има 5.71-инчен HD+ LCD панел, со засек во облик на капка, во кој е сместена 5MP селфи камера. Предната камера слижи и како единствено средство за биометриска верификација, со оглед на тоа дека нема сензор за отпечаток од прст. На задната страна се наоѓа 13MP f/1.8 PDAF камера со еден LED блиц.
Honor 8S го покренува Helio A22 чипсет, спарен со 2GB RAM и 32GB простор за складирање. Работниот век на батеријата би требало да биде добар, благодарение на капацитетот од 3020mAh, а батеријата се напојува преку microUSB порт. Приклучокот за слушалки од 3,5 мм е присутен, како и FM радио приемникот.
Телефонот е веќе достапен во Русија и во следните недели би требало да пристигне на поголем број пазари. Honor 8S е достапен во црна, златна и сина варијанта, по цена од околу 120 евра.