Објавено е ново концепт видео за Samsung Galaxy Scroll, кој го креирал холандскиот 3D дизајнер Џермејн Смит во соработка со сајтот LetsGoDigital.

Концептот вклучува поддршка за S Pen, за кој се очекува дека ќе се испорачува со Galaxy Z Fold 3, а ќе го поддржува и Galaxy S21 Ultra моделот. Спарувањето на Galaxy Scroll со паметното пенкало повторно укажува на тоа дека се подготвува отфрлање на Galaxy Note линијата од следната година.

Телефоните со екрани кои се свиткуваат може да станат следниот тренд на пазарот, а Galaxy Scroll во овој сегмент би се натпреварувал со Oppo X 2021 моделот, кој беше прикажан минатиот месец, како и LG rollable Project B телефонот, што се очекува следната година.

Засега не е познато дали Samsung Galaxy Scroll ќе се појави во некое поскоро време, но ќе биде интересно да се види за кој сегмент од пазарот ќе биде наменет и за која употреба.