Ако го следите светот на паметните телефони, нема да ве изненади информацијата дека претстојниот Samsung Galaxy Note ќе ја поддржува 5G мрежата.

Оваа информација ја потврди компанијата Verizon, што значи дека претходните шпекулации биле точни. Исто така, знаевме дека Samsung работи на друг смартфон со поддршка за 5G мрежи, откако веќе го најави Galaxy S10 5G и планира да го лансира на пазарот во втората половина од годината, кога јужнокорејската компанија традиционалнo ја претставува новата верзија на моделот Note.

„Note и S10 5G пристигнуваат оваа година и двата уреда ќе поддржуваат 5G мрежа”, изјави директорот на Verizon, Ханс Вестберг