Nvidia развива таблет кој може да се користи и како лаптоп

Кодот пронајден во Shield Experience софтверот на компанијата Nvidia навестува дека работи на 2-во-1 хибриден уред, кој може да се користи како таблет или лаптоп.

Кодот содржи нов софтвер кој овозможува префрлање помеѓу трите мода на интерфејсот, вклучувајќи десктоп и таблет, но и третиот мистериозен режим наречен “dynamic”. Овој мод ја содржи опцијата на покренување на десктоп режим во случај на приклучување тастатура на уредот.

Nvidia наводно работи на софтвер за новиот таблет, за кој се пишува под името “Mystique”. Овој уред може да се користи како таблет по спојување на тастатура, нешто слично како во случајот на минатогодишниот Google Pixel Slate. Последниот таблет на Nvidia беше Nvidia Shield K1, кој на пазарот се појави во 2015. година. Редизајнираниот Shield Portable планиран за 2016. година е откажан.

Гласините за новиот 2-во-1 хибриден уред се интересни, но би можеле да бидат застарени, бидејќи доаѓаат од изворниот код кој датира од минатата година. Меѓутоа, ако се точни, тогаш таблетот би можел да има 13,5-инчен екран со резолуција од 3000×2000 пиксели. Тоа е многу за таблет, но има смисла за хибриден 2-во-1 уред.

Shield таблетот користеше Nvidia Tegra X1 процесор, кој и натаму го користи рачната конзола на Nintendo, Switch. Првобитно, кодот на Nvidia навестуваше дека новиот таблет ќе користи нов модел на чип, а тоа е Tegra X2, но сепак, новиот код навестува дека таблетот се развива со чипот Tegra Xavier, кој е наменет за автономните возила и AI компјутерите. Чипот би работел во понизок мод, за да може да го користи таблетот, кој го напојува батеријата.