Google и официјално го лансираше новиот прелистувач Chrome 74 за оперативните системи Windows, Mac и Linux. Еден од најочекуваните новитети кај Chrome 74 е темниот режим на работа, кој корисниците го бараа уште од минатата година.
Истиот темен режим минатиот месец пристигна заедно со Chrome 73, но само за корисниците на оперативниот систем MacOS.
Новиот Chrome отсега автоматски ќе се поврзува со темниот режим на Windows 10. Крајниот резултат, односно интерфејсот на темниот режим изгледа многу слично како оној на режимот Incognito. И покрај тоа што Google го претстави темниот режим, тој сепак нема веднаш да им биде достапен на сите корисници.
Ако не сакате да чекате самиот да се активира, можете да направите нешто за да го добиете темниот режим на важиот прелистувач. На крајот од целната локација во полето за пребарување допишете „force-dark-mode“ (секако, без наводниците).
Google Chrome 74 е достапен за преземање од официјалната веб-страница на Google или преку опцијата About на самиот прелистувач.
Извор: Klix.ba