Од американската компанија објавија низа унапредувања, Model S со едно полнење сега може да помине речиси 600 километри.
Од компанијата Tesla објавија дека го зголемиле досегот на Model S на 595, а на Model X на 523 километри со едно полнење – на тој начин овозможувајќи возење од Лос Анџелес до Сан Франциско со едно полнење, пренесува порталот Tech Crunch.
Со ова зголемување е соборен претходниот рекорд на досег на возење со едно полнење, користејќи при тоа иста батерија (100 киловат часа – kWh), соопштено е од компанијата.
Исто така, најавен е нов адаптивен систем на суспензија во режимот на возење, кој се вика “Ludicrous Mode” (мод кој овозможува нагло забрзување).
Двата модела сега ја поседуваат најновата технологија, соопштено е од Tesla.
Комбинирајќи го оптимизираниот синкрон релуктантен мотор со трајни магнети, силиконската карбидна енергетска електроника и унапредениот систем на подмачкување, ладење, подобар дизајн на лежиштата и конструкцијата на запчениците, новите автомобили можат да остварат ефикасност поголема од 93 одсто, стои во соопштението на Tesla.
New Model S has 370 mile / 595 km range https://t.co/D6bY7F2wUT
— Elon Musk (@elonmusk) April 24, 2019
Побрзо полнење на батеријата
Со спарување на перманентниот магнетен мотор однапред со индукцискиот мотор позади, двата модела постигнуваат десет проценти подобри резултати во досегот – нудејќи перформанси во двата правца, бидејќи енергијата излегува од батеријата во текот на забрзувањето, а се враќа назад во текот на регенеративното кочење.
Од компанијата, исто така, најавија побрзо полнење на V3 и V2 полначи од 200 и 145 kWh, што би требало да го преполови времето потребно да се наполни автомобилот.
Подобрувањата на суспензијата помагаат за зголемување на перформансите.
Компанијата додаде целосно адаптивно пригушување, пружајќи подобро чувство на возење на автопат или при возење на автопилотот.
Новите модели, исто така, ја намалуваат отпорноста, така што со подобрениот систем на израмнување го држат автомобилот пониско на земја.
Поврзани артикли