Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, на настан за инвеститори најави дека очекува компанијата следната година да работи со робо-такси возила
Возилата што комплетно самостојно ќе управуваат ќе се натпреваруваат со сервисите како Uber и Lift. Роботакси-возилата ќе заработуваат тогаш кога сопствениците на Tesla нема да го користат возилата.
Програмата на Tesla ќе му дозволи на сопственикот да го изнајми своето возило со тоа што дел од приходите ќе одат кај Tesla, а преостанатиот дел од средствата кај сопственикот на возилото.
„Од финасиски аспект е лудо да купиш нешто друго, освен од Tesla, рече Маск. ,„Тоа ќе биде како да имате коњ за три години“.
Tesla предвиде дека роботакси-возилата ќе траат 11 години, ќе возат 1 милион милји и ќе остварат бруто-профит од едно возило од 30.000 долари годишно. Тоа е уште една агресивна прогноза од Маск за технологијата на Tesla. Тој рече дека очекува да ги убеди регулаторите до крајот на следната година дека самостојните возила се побезбедни отколку кога се управувани од човек.