Samsung Galaxy View 2 во септември минатата година доби Bluetooth SIG и Wi-Fi Alliance сертификати, но се уште не е официјализиран. Ова конечно би можело да се случи наскоро, бидејќи сега се појавија голем број рендери, кои изгледаат како да се официјални.

Galaxy View 2 е голем таблет со вграден сталак. Додека неговиот претходник (Galaxy View од 2015. година) имаше 18,4-инчен дисплеј, View 2 има нешто помал 17,5-инчен панел кој ќе ја задржи 1080p резолуцијата.

Новиот модел на таблет има редизајниран сталак, кој изгледа и значајно поергономично. Со помош на постољето, таблетот би требало да биде употреблив за пишување дури и кога ќе се положи на задниот дел, со оглед на тоа дека ќе може да стои под агол од 30 степени.

Се очекува дека Galaxy View 2 ќе користи Samsung Exynos 7885 чипсет, спарен со 3 GB RAM. Ќе се појави и SM-T927A модел за AT&T, а потоа се очекува и Wi-Fi верзија на таблетот.