Концептот што тие го развиваат во Talyn Air ќе го промени начинот на кои воздушните такси возила полетуваат во градовите. Не би им требала писта, само малку простор.

Луѓето отсекогаш сакале да летаат, а со развојот на авионите ова стана можно. Но, авионите се големи и не се соодветни за секојдневни пократки патувања, како што е оној за до работа. Меѓутоа, како што патиштата стануваа се повеќе зафатени, инженерите и иноваторите сè повеќе се впуштија во развој на мали електрични летечки возила кои би зуеле низ градовите и би превезувале патници на помали растојанија.

Веќе имавме можност да видиме прототипови на електрични и автономни воздушни такси возила кои би превезувале патници самостојно. Talyn Air отиде чекор подалеку и го разви концептот на ново воздушно такси кое може да превезува патници и на подолги растојанија.

Она што го прави овој концепт различен од другите е фактот дека тој всушност се состои од две возила. Едно кое има можност за вертикално полетување и слетување, без помош на луѓе и кое всушност е наменето за еден вид лансирање на електрични авиони, тоест електрични такси. Се рабори за одвоива платформа со пропели која може да полета вертикално и со тоа да го подигне електричното такси во воздухот, по што се одделува и може да лета самостојно. По враќањето, таксито повторно се поврзува со платформата која го спушта вертикално.

Како што е објаснето во Talyn Air, основана од двајца инженери со искуство во работењето на ракетата Falcon 9 на SpaceX, тоа е радикален пристап кој нуди лесен начин за полетување и слетување на електрични авиони во градски услови, а при тоа штедат батерија и простор.

Но, треба да се напомене дека ова е само идеја и концепт која допрва треба да се развива и тестира во реални услови. На пример, бура во март или обилни дождови.

Извор: Zimo.hr