Познатиот сервис на стримање на видео содржини, Netflix почна на Android мобилните уреди да тестира нова опција. Таа на корисниците им донесува можност за random (случајна) репродукција на содржините од сервисот.

Според пишувањето на интернет страницата Android Police, се работи за копче на екранот, со чие притискање почнува репродукција на некоја случајна содржина. Тоа може да биде, на пример, некоја random епизода на избраната серија, без почитување на редоследот на епизоди.

Таквиот начин на следење на содржините е применлив на серијата како што е Love, Death + Robots, каде Netflix експериментираше со епизодни содржини без некој точно одреден ред, но секако не е применлив на класичните серии, каде што акцијата од одредена епизода продолжува од онаа претходната,

Дали се работи само за привремен експеримент или за вистинска опција, која во иднина ќе биде имплементирана за сите корисници на Netflix, останува да се види.