Протечениот Moto Z4 промо материјал покажува спецификации кои се многу слични на Moto Z4 Play моделот, за кој кружат информации веќе со месеци.

Според најновите детали, Moto Z4 има Snapdragon 675 чипсет (исто како Z4 Play), наместо премиум Snapdragon 800 серијата, која ја имаше Moto Z3. Промо материјалот ја сугерира и цената која е речиси двојно пониска од цените на премиум моделите, што дополнително потврдува дека се работи за телефон од средниот сегмент.

Двата модела би требало да имаат 48 MP камера на задната страна, а стандардниот Moto Z4 би требало да има 25 MP селфи камера.

Потребно е да се истакне дека е можно дека бројните гласини ги мешаат Moto Z4 и Z4 Play. Досега помеѓу двата телефона е забележана само една разлика. Moto Z4 наводно ќе има поголем екран од Play моделот: 6,4 инчи, наспроти 6,22 инчи.

Двата модела, според гласините, би требало да имаат in-display сензори за отпечаток од прст и засеци во екранот. Батериите се со капацитет 3600mAh со 18W TurboCharge поддршка, а присутен е и 3,5 мм приклучок.

Moto Z4 ќе биде 4G телефон, но ќе поддржува 5G MotoMod, за оние кои имаат можност и сакаат да ги испробаат мобилните мрежи од следната генерација.