Зборот “цивилизација” е отворен за толкување, но археолозите обично со него опишуваат антички општества како човечки општества “со висок степен на културен и технолошки развој”. Иако на пример, Абориџините во Австралија, се сметаат за најстарата континуирана култура на живеење, нивните номадски навики и недостаток на инфраструктура обично значи дека тие и би требало да се класифицитаат како цивилизација. Темата е отворена за многу дебати, па затоа историски многу вакви цивилизации остануваат скриени од очите на јавноста.
Историските читанки не ретко знаат да пишуваат за старите Египќани, Ацтеките или Инките, но не и за некои други цивилизации на кои вистинското место им е во оваа класификација.
Ниневија (денешен Мосул во Ирак), било место на една од најстарите и најголемите цивилизации кои ги памети светот. Раниот град бил оштетен во серија земјотреси, вклучувајќи го и уништувањето на првиот храм на Иштар, но градот продолжил да расте. Кралот Сенахирим (704-681 п.н.е.) го направил Ниневија главен град на Асириската Империја,изградил голем ѕид со 15 порти околу градот, како и паркови, аквадукти, канали и палата од 80 соби, која тој ја прогласил за “дворец без конкуренција”. Некои научници веруваат дека познатите висечки градини од Вавилон се наоѓале токму во Ниневија и биле нарачани од Сенахирим.
Ниневија имала и библиотека која содржела над 30.000 впишани глинени плочи, за тоа време, збирка на која и немало рамна во светот. Научниците и книжниците се собирале во градот, кој станал центар за развој на уметноста, науката и архитектурата. Една од најневообичаените табли пронајден таму ја раскажува приказната за една огромна поплава која го „удавила“ целиот свет, а само еден човек кој преживеал со изградба на брод. Оваа верзија на приказната за Ноевата арка е дел од епска поема напишана во 1800 година п.н.е., 1000 години пред да биде вклучена во хебрејската Библија. Голем дел од содржината на библиотеката на Ниневија сега лежи во трезорите на Британската библиотека.
По распадот на Асирската империја во 612 п.н.е, Ниневија била изгорена дотемел од страна на Персијците, Вавилонците и другите, кои се обиделе да го поделат регионот. Урнатините почна да се ископуваат во 1846 година, а работата продолжува и денес, иако неодамнешните немири доведоа до нови оштетувања на археолошкото богатство на Ниневија.