Популарниот канал на YouTube, JerryRigEverything е познат по своите специфични тестови на издржливост, а овој пат во рацете на Зак се најде најновиот Huawei P30 Pro. Премиум смартфонот се најде на вообичаените тестови на гребење, палење и свиткување.
Тестовите на гребење покажаа дека задната страна на уредот навистина е изработена од стакло, но Huawei направил некои структурални измени во годинашниот дизајн.
Ланскиот P20 Pro не го преживеа тестот на свиткување, додека P30 Pro без проблеми го поднесе притисокот на рацете.
Можно е закривеното стакло на задниот дел и од предната страна да дава поголема стабилност и издржливост на рамката, што помага телефонот да не се свиткува лесно. Од друга страна, закривното стакло го прав телефонот поподложен на кршење, доколку се испушти на тврда површина.
Извор: JerryRigEverything