Volvo како светски лидер во автомобилскиот свет кога станува збор за безбедноста, ќе понуди уште една иновативна технологија.

За што станува збор? За да ја подобри безбедноста во сообраќајот, Volvo, меѓу другото, своите модели за европскиот пазар ќе ги опреми со нова технологија која овозможува комуникација помеѓу автомобилите. Во пракса тоа значи дека едно Volvo кое минува по лизгав пат, на пример, или ќе наиде на сообраќајна несреќа, информацијата ќе ја проследи до другите автомобили учесници во сообраќајот (во првата фаза само до оние од истиот производител).

Системите за предупредување за опасност (Hazard Light Alert) и предупредување за лизгав пат (Slippery Road Alert) веќе се претставени во Серија 90, но само за Шведска и Норвешка, а сега Volvo ќе ги понуди за целиот европски пазар. Системите стануваат стандардна опрема за сите модели, а ќе може да ги вграда и сегашни сопственици на поединечни Volvo модели.

Потсетување дека од следната година Volvo своите модели ќе ги опремува со ограничувач на брзина од 180 km/h, а наскоро во основниот пакет ќе влезат и камерите и сензорите кои го следат однесувањето на возачот.

Извор: Додај Гас