Истражувачи на Антарктикот открија стапалка од диносаурус стара 200 милиони години, голема колку дланка, соопшти Германскиот федерален институт за геолошки науки од Хановер.

За каков диносаурус се работи, сè уште не се знае. Откритието датира од 2016., но е објавено дури сега во списанието „Полар Рисрч“.

Коски од диносауруси претходно беа најдени на југот на Викторија Ленд, но не и на северниот дел од оваа антарктичка област, каде што е откриена стапаката.

– Тоа не го очекувавме, истакна Андреас Лојфер водач на научнната експедиција.

Според него, ова откритие, заедно со неодамна пронајдените остатоци од прашума, можеби значи дека пред 200 милиони години, Антарктикот не бил „леден континент“ каков што го знаеме денес.