Кинеските власти почнаа да користат нов систем за препознавање луѓе: според единствениот облик на телото на еден човек и според неговото одење. Технологијата може да биде од исклучително значење кога, во одредена ситуација, лицето на еден човек не се гледа на снимки од безбедносна камера.

– Системот може да идентификува човек на растојание од 50 метри, дури и кога лицето му е покриено. Тоа може да го надополни тоа што на софтверот за препознавање лица му е неопходна висока резолуција… Анализата на одот не може да се измами со преправање, подгрбавување и слично, оти програмата ги следи сите особини на телото, објаснува Хуанг Џонгжен, директор на компанијата Ватрикс –  којашто е автор на софтверот.

Системот веќе се користи во Пекинг и во Шангај и има 94-отстотна ефикасност. На слични проекти веќе извесно време работат и Јапонија, Велика Британија и САД.