Компанијата Facebook минатата година потрошила 22 милиони долари за дополнителни трошоци за осигурување на својот основач Марк Цугерберг.
Цукерберг, како и многу други богати извршни директори, добива плата од 1 долар годишно. Минатата година тој не примил ниту бонуси ниту награди за акциите.
Меѓутоа, поради зголемените трошоци за безбедноста на основачот на Facebook и неговото семејство, вкупната исплата изнесува 22,6 милиони долари и е за 9,1 милион долари поголема од претходната година.
Цукерберг потрошил и 2,6 милиони долари на трошоци за приватниот авион, за што од компанијата велат дека е исто така дел од неговото обезбедување.
Од Facebook велат дека цената е зголемена делумно како резултат од специфични закани кон Цукерберг, со оглед на тоа што Facebook во последно време се соочува со низа скандали кога станува збор за приватноста на корисниците на оваа социјална мрежа.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли