Технолошкиот гигант на Apple предупредува дека се соочува со „тешкотии во испораките на iPhone” поради затворањето на голем број фабрики во Кина како дел од карантинот против „Ковид-19“, објави „Гардијан“.

Компанијата со седиште во Калифорнија ги предупреди своите акционери и инвеститори дека нема да можат да генерираат очекувани приходи од 63 до 67 милијарди долари овој квартал.

Причината е „привремени ограничувања со снабдување“ за делови за iPhone, како и остар пад на купувачите во Кина, каде десетици милиони не можат да одат во продавници.

Apple издаде само предупредување без да ги ревидира очекуваните приходи од новата ситуација.

Според компанијата, „животот се враќа во нормалниот ритам во Кина, но тој е побавен отколку што очекува“.

Затоа Apple објави невообичаено широк распон на проценети од приходи од 63 до 67 милијарди, бидејќи не е познато колку ќе трае кризата во Кина.