Apple по 18 долги години, наскоро би можел да ја згасне својата iTunes апликација, која би требало да замени неколку посебни апликации.
Според некои информации, кои ги пренесува интернет страницата 9to5Mac, се споменува програмерот Steve Troughton-Smith, кој на својот Twiiter профил објави дека компанијата од Купертино работи на посебни Music, Podcasts и Books апликации, кои би требало да и се придружат на постоечката посебна ТВ апликација.
Сите споменати апликации би требало да бидат развиени со помош на Marzipan, новиот фрејмворк за универзални апликации. Marzipan им овозможува на програмерите iOS апликациите едноставно да ги прилагодат за изведување на macOS компјутерите.
Апликациите Music, Podcasts, TV и Books би требало да бидат достапни со доаѓањето на macOS 10.15 верзијата на оперативниот систем. Сепак, iTunes ќе биде присутен уште некое време во екосистемот на Apple, поради синхронизацијата со постарите Apple уреди.
Поврзани артикли