Италијанската компанија Agazzi Designs претстави ранец што се заклучува и отклучува преку отпечаток од прст. Благодарение на катанец со специјален детектор на отпечатоци ранецот може да го отвори само сопственикот.

Биометриските начини за потврда на идентитетот ги има веќе на сите модерни паметни телефони и други уреди, но ретко се користат кај останатите геџети. Токму тоа сака да го промени екипата на Agazzi Designs, инсталирајќи ваков скенер на својот паметен ранец.

Овој ранец е отпорен на вода и има капацитет од 23 литри. Дизајниран е за да може внатре да се стави лаптоп, таблет и други електронски уреди. Има осветлување, вградена екстерна батерија за полнење на електронските уреди, посебен џеб за паричник со “RFID” заштита и уште еден за очила. Ранецот има вкупно 15 џебови со различни големини и намени.

Катанецот се полни преку USB кабел, а за уште поголема безбедност Agazzi Pro има и челичен кабел на влечење што се користи за заклучување на сите делови од ранецот или за негово врзување.

Во внaтрешноста се наоѓа и надворешна батерија (power bank) што овозможува полнење на уредите во ранецот додека корисникот се движи. Батеријата може да се користи и како светло за полесно пребарување, а помага и за поголема видливост ноќе.

https://youtu.be/CJtS51kMz1Q

Доколку успеат да ги соберат планираните 97,912 долари, првите ранци на купувачите би требало да им бидат испорачани во септември оваа година. Инаку, најевтиниот модел кој ќе биде опремен со скенерот за отпечатоци на прсти ќе се продава по цена од 207 долари.

Сите детали за ранците на Agazzi Designs можете да ги прочитате ТУКА.