Заборавете ги приказните на сите технолошки експерти за тоа дека од круцијална важност е да го користите “safety remove” или сигурното отстранување на USB од вашиот компјутер, бидејќи Microsoft потврди дека тоа не е потребно.
Имено, од Microsoft потврдуваат дека во Windows 10 тоа повеќе не е работа за која треба да се грижите.
Windows 10 има опција под името “брзо отстранување”, која на корисниците им овозможува во било кој момент да го извлечат USB од компјутерот.
Технички, Microsoft ја воведе оваа опција кон крајот на минатата година, кога се појави 1809 верзијата на Windows 10. Многу корисници беа запознаени дека со оваа опција повеќе не мораат да го користат сигурното отстранување на USB, но и натаму е голем бројот на оние кои не можат да се решат од оваа навика. Поради тоа, од Microsoft потврдуваат дека нивните корисници тоа повеќе не мораат да го прават.
Покрај тоа, од Microsoft ставиле заштита за USB мемориите да бидат сигурни од Windows.
Меѓутоа, оперативниот систем и натаму ја има опцијата за “сигурно отстранување на хардвер и исфрлање на медиумите”, што создава конфузија кај корисникот.
Поврзани артикли