Honor View 20 смартфонот оствари добар резултат на пазарот, а во текот на првиот месец се продадени над милион и пол уреди. Според гласините кои пристигнуваат од Кина, подбрендот на Huawei подготвува уште еден премиум уред, под името Honor 20 Pro. Телефонот ќе ги карактеризира нов Sony IMX600 сензор, а би можел да се појави веќе на 25. април.
Новиот телефон би требало да има 6,1-инчен OLED дисплеј, со сензор за отпечатоци од прсти интегриран во екранот. Ова би можел да биде првиот Honor смартфон надвор од Кина, кој ќе ја имплементира оваа функција (достапна само на кинескиот Honor Magic 2 модел). Уредот ќе го покренува Kirin 980 чипсет, во комбинација со 6/128 GB, 8/128 GB и 8/256 GB меморија и простор за складирање.
Изворите тврдат дека телефонот ќе има ист 40MP сензор, кој го има и Huawei P30 Pro, а главната камера ќе биде спарена со 20MP ултрашироки и 8MP телефото сензори. Тука е и вообичаениот софтвер, како Gaming+, Link Turbo, CPU & GPU Turbo и друго. Очекуваната цена на смартфонот изнесува под 450 долари.
Поврзани артикли