Кинеската централна телевизија (CCTV) го покажа новиот систем на насочено енергетско оружје, познат како кинески ласерски пиштол.

Деталите за новото оружје не беа обелоденети, но се знае дека системот е дизајниран за инстантно уништување на цели во близина на крајбрежјето. Станува збор за мали чамци и беспилотни летала.

Овој ласерски пиштол може да се користи против асиметрични закани на ниско ниво и ќе биде во служба на кинеската морнарица. Новиот систем има променлива моќност за да може само да го ослепи сомнителниот брод, а исто така, доколку е потребно, и физички да ја уништи целта.

Кина посветува големо внимание на развојот на оружјето со нови физички својства. Во моментов, траат тестовите на електромагнетниот пиштол (railgun) монтиран на брод.