Политиката која се води против дизел технологијата го зема својот данок, па голем број производители се откажуваат од нафтата како погонско гориво

Дизелот со децении е составен дел од автомобилската индустрија. Помала потрошувачка на прво место, ова гориво го направи популарно меѓу купувачите, а популарноста значително се зголеми со воведување на турбополначот, кога речиси сите компании во својата понуда има по некој модел со дизел мотор.

Сепак, ова забрзано се менува, првенствено иницирано со политички одлуки, базирани на новооткриените скандали и манипулации. Тоа беше добра причина да се започне со промена на прописите за светот да се ослободи од нафташите на патиштата. Сето тоа резултира со тоа да продажбата на дизел е во постојан пад, особено во Европа, каде што ова гориво беше омилено меѓу потрошувачите.

Ова се тринаесетте автомобилски брендови кои се откажуваат или го исфрлаат дизелот од понудата.

Alfa Romeo

Како дел од петгодишниот план на FCA групата, автомобилите со дизел мотори ќе бидат заменети со plug-in хибридни и електрични возила. Alfa Romeo е исто така вклучен во овој план.

Fiat

Оваа компанија е исто така дел од FCA групата. Италијанскиот производител е специјализиран за производството на мали автомобили, сегмент во кој plug-in хибридите и EV модели стануваат тренд. Всушност, Fiat објави дека ќе го напушти производството на дизел модели до 2022 година.

Jeep

Jeep има големи планови, а дизелот не е дел од нив. Познатиот американски бренд планира да лансира модел кој ќе биде поставен под Renegade, заедно со враќање на Wagoneer и воведувањето на Grand Cherokee со седум седишта. Jeep, исто така, планира да претстави 10 нови модели до 2022 година, и секој од нив ќе има електрифицирана верзија.

Lexus

Јапонскиот премиум производител е меѓу првите што го отфрлија дизелот. Производството на овој тип на фабричките ленти го отстапи местото за хибридна технологија уште во 2013 година.

Maserati

Како и конкуренцијата од Германија, BMW и Mercedes, Maserati профитираше од продажбата на дизел моделите во изминатите неколку години. Сепак, овој бренд е дел од FCA групата, која иднината ја гледа во електрификацијата, така што Maserati со дизел мотор ќе биде нешто од минатото. Италијанскиот бренд ќе развие стратегија Maserati Blue, која вклучува нова модуларна платформа, систем за тотално прилепување кон подлогата и електрични и plug-in хибридни погони.

Mitsubishi

Јапонците никогаш не биле особено сочувствителни со дизел-технологијата, а Mitsubishi се приклучи кон Suzuki, Toyota и Nissan во отфрлањето на дизел-технологијата. Во Обединетото Кралство, Mitsubishi престана да произведува автомобили што користат дизел како гориво. Сепак, камионите и лесните комерцијални возила во моментов користат дизел мотори.

Nissan

Јапонскиот бренд во своето портфолио го има најпродаваниот електричен автомобил во светот – Leaf. Поради оваа причина, не е изненадувачки што дизелот се отфрла, кое е во тек. Nissan објави дека ќе го запре развојот на дизел мотори, додека комерцијалните возила ќе користат брендови на други производители.

Polestar

Марката во сопственост на кинескиот Geely е филијала на Volvo. Поранешната поделба за перформантни модели стана нов премиум бренд, кој нема намера да користи дизел мотори. Всушност, овој бренд ќе користи само plug-in хибридни и хибридни агрегати, почнувајќи од Polestar 1, plug-in хибридното купе со 600 КС и 150 километри автономија чисто на електрична енергија.

Porsche

Германскиот бренд за суперaвтомобили ги подготвува Taycan и Mission E Cross Turismo, а во меѓувреме ги отфрла дизел моторите. Без оглед на добрата продажба на нафташите, Porsche на некој начин си го расипа реномето со дизелите.

Smart

Оваа марка до 2026 година би требало да се укине, за да потоа се постави под А-класа со хипотетичко име U класа. Како и да е, до 2022 година Smart ќе биде исклучиво електричен.

Suzuki

Овој јапонски бренд, дури и во Европа, не поминuva добро со дизел моторите, така што едвај достигнува 10 проценти од вкупната продажба. Со ова на ум, брендот ги отстранува дизел моторите од игра.

Toyota

За време на овогодинешниот Саем за автомобили во Женева, Toyota објави дека ќе се ослободи од дизел моторите. Причината е послабата побарувачка за овој тип на возила. Јапонскиот бренд ќе продолжи со бензински хибриди.

Volvo

Едно по едно возило на Volvo, дизел опцијата се ослободува. S60 и новата генерација на XC90 нема да има дизел мотори, а тоа е во согласност со намерите на шведскиот бренд во врска со електрификацијата. Шведскиот бренд нема да развива нова генерација дизел мотори.