Тестната верзија на вселенското летало на следната генерација за првпат го запали моторот, потврди компанијата SpaceX.

Моторот е запален во фаза на тестирање познато како статичко палење, тоа значи дека моторот е тестиран, но леталото останало на земја. Ова е првпат Starship да го запали моторот и претставува  чекор напред кој кон тестните летови.

Леталото, познато и како Starhopper, служи за тестирање технологии и основен дизајн на финалната верзија на Starship, летало со кое SpaceX ќе превезува луѓе на Месечината и на Марс.

Starship е направен од нерѓосувачки челик и ќе биде лансиран во Вселената на врвот на масивната ракета Super Heavy. Оваа ракета ќе може да се спушти на земја по полетувањето, баш како што тоа го може и актуелната ракета Falcon 9. Комбинацијата на Starship и Super Heavy ракета ќе може да понесе 100.000 килограми товар во ниската орбита на Земјата. Тоа го изјави основачот на компанијата, Елон Маск, што значи дека ќе биде една од најмоќните ракети направени било кога.

Извор: Klix.ba