Skype го прошири капацитетот на групни повици на до 50 луѓе, а додаде и функција за известување за вакви повици. Microsoft минатиот месец почна со тестирање на функцијата, а на сите ќе им биде достапна од денеска.

Можноста за извршување на големи конференциски повици е донекаде неизоставен потег за Skype услугата, со оглед на тоа што некои други сервиси за видео повици можеа да извршуваат значајно поголеми конференциски повици во однос на претходниот Skype лимит од 25 лица. Копчињата за звук и видео ќе бидат овозможени за поголеми групи, така што корисниците лесно ќе можат да ги исклучат своите микрофони или веб-камери.

Покрај ова, известувањето ќе го замени ѕвонењето како зададена опција за групните повици. И натаму ќе биде можно да се повикуваат луѓето поединечно или целосната група (доколку во неа има помалку од 25 лица).