Redmi серијата паметни телефони на Xiaomi се повеќе се диференцира како посебен бренд на компанијата, во стилот на конкурентската компанија Huawei и нејзиниот засебен бренд Honor.
Поради тоа, не чуди информацијата која се појави на официјалниот Weibo профил на Xiaomi. Компанијата се подготвува да го претстави смартфонот Redmi Pro 2, кој во Redmi серијата ќе донесе чип на Qualcomm од повисока категорија, во овој случај Snapdragon 855.
Покрај споменатиот чип, новиот телефон би требало да има екран без notch, а селфи камерата ќе излегува од куќиштето по потреба. По примерот на Redmi Note 7, и Redmi Pro 2 ќе содржи задна камера со 48 мегапикселен сензор.
На една од приложените фотографии се гледа и Главниот извршен директор, Леи Јун како го користи смартфонот.