Познатата компанија меѓу љубителите на добриот звук, Beats најави нови безжични слушалки -Powerbeats Pro. Слушалките можат да се користат и во текот на вежбање, бидејќи се отпорни на вода и пот.
Слушалките, меѓу другото, се опремени и со H1 чипот на Apple, врз основа на кој се засноваат и новите AirPods слушалки, a кој овозможува побрзо спојување и постабилна конекција со уредите во однос на W1 чипот. Благодарение на новиот H1 чип, корисниците можат да ги повикуваат виртуелните асистенти без допирање на слушалките или било какви копчиња, односно изговарајќи една од добро познатите фрази – „Hey Siri“ ако користат iOS уреди или пак „Hey Google“, доколку се корисници на Android.
Powerbeats Pro слушалките се паметни да можат да препознаат кога корисникот не ги користи и при тоа да ја прилагодат потрошувачката на батеријата и репродукцијата на музика. На пример, ако слушалките препознаат дека се наоѓаат во ушите на корисникот, репродукцијата на музика оди понатаму, но ако препознае дека корисникот ги извадил од уши, свирењето прекинува и обратно.
Beats секоја слушалка ја опреми со сопствени копчиња за контрола на гласноста, што значи дека може да се користат во пар, но и поединечно. Производителот наведува дека автономијата на слушалките изнесува до девет часа, а со дополнување преку заштитната кутија, која служи и како полнач, од слушалките може да се извлече и до 24 часа работа.
Слушалките ќе бидат достапни во четири бои – Ivory, Moss, Navy i Black. Со слушалките производителот ќе испорачува и Lightning кабел, кој на едната страна ќе има стандарден USB порт, за батеријата во кутијата да можат да ја полнат и сопствениците на Android уреди. Инаку, Powerbeats Pro слушалките не поддржуваат безжично полнење на батеријата.
Во продажба би требало да се најдат во мај, 2о19. година по цена од 249,85 долари. Подетални информации можете да пронајдете на официјалната веб-страница на Apple.
Поврзани артикли