Фотографијата која наводно ја покажува средната рамка за iPhone од следната генерација се појави онлајн и ги потврдува претходни наводи и рендери кои досега ги слушнавме и видовме за годинашниот модел на Apple.
Средната рамка, вообичаено е централен дел од дизајнот на телефонот, а на место ги држи компонентите како што се матичната плоча, батерија и дисплеј. Во овој случај, средната рамка јасно сугерира систем за три камери за iPhone XI, кој ќе биде сместен во горниот лев агол на задниот панел.
Тука се трите отвори, за главна, ултра-широка и телефонот камера, еден четвртест засек за LED блиц и уште еден што би можел да служи за 3D сензор како Time of Flight камера. Видлив е и голем централен засек, кој веројатно би можел да се користи за имплементација на бежичното полнење.
За поодбро да ни ја долови идејата зад оваа рамка за iPhone, Бен Гескин и уште еден корисник од Кина, на Twitter и Weibo мрежите креираа рендери од претстојниот iPhone.
Засега се уште е рано за потврдување на автентичноста на овие фотографии и рендери, но секако повеќе детали се очекуваат во претстојниот период.
Поврзани артикли