Компанијата HMD Global го промовираше новиот модел Nokia X71 со камера од 48 мегапиксели и екран со отвор за предната селфи камера.
Смартфонот премиерно беше претставен во Тајван и тој се одликува со моќни перформанси, кои ќе му понудат на купувачот неверојатно корисничко искуство. Nokia X71 доаѓа со процесор Snapdragon 660 и оперативен систем Android Pie, како и 6GB RAM. Смартфонот има 128GB внатрешна меморија, која може да се прошири со microSD мемориска картичка.
На задната страна од уредот се наоѓа систем од три камери со Zeiss сертификат, од кои едната има леќа од 48 мегапиксели. Ултраквалитетните фотографии од камерата ќе се прикажуваат на LCD 6,39-инчниот екран со Full HD+, а смартфонот е напојуван од батерија со 3.500 mAh.
Се работи за солиден смартфон со средни спецификации кои доаѓаат од компанијата што сака да се натпреварува за преземање на главната улога во сегментот на телефони веднаш под флегшип компаниите за Android OS – Samsung и Huawei.
Оваа година камерата на Sony со 48 мегапиксели се покажа како многу популарно решение, бидејќи таа е евтина, а моќна. Покрај на Nokia X71, таа може да се најде и на Redmi Note 7, кој чини само 150 долари.
Основната цена на уредот изнесува 345 долари, а ќе има и верзија од 385 долари. Продажбата почнува на 30. април, а во западните земји ќе се продава под името Nokia 8.1 Plus.
Извор: Klix.ba