Како дел од планот за реструктуирање, кој го вклучува спојувањето на мобилното одделение на Sony со дивизите за ТВ, камери и аудио, во компанијата е планирано и отпуштање на работници од мобилното одделение. Извештај од Јапонија истакнува дека Sony за половина ќе ја намали својата работа сила од 4000 вработени, а ова ќе се случи до март 2020. година.
За да ги намали оперативните трошоци, Sony ќе го намали делувањето на мобилната дивизија и ќе се фокусира на Европа и Источна Азија, а ќе го лимитира делувањето во Југоисточна Азија. На некои од јапонските работници ќе им бидат понудени позиции во другите дивизии.
Реструктуирањето и намалувањето на работната сила пристигнуваат откако трета година по ред се прогнозирани губитоци за Sony Mobile во фискалната 2019. година. Пазарното учество на компанијата се намали на само 1 одсто, а за комплентната 2018. година, очекуваната продажба е околу 6,5 милиони уреди.
Поврзани артикли