Уште откако Google го купи Nest во 2014. година, двете години во најголем дел продолжија да работат како посебни одделенија, објавувајќи различни линии на своите производи. Меѓутоа, ова би можело да се промени, бидејќи на сајтот на Google слулчајно се појави производ наречен Nest Hub Max.
Доколку се погледне името, Nest Hub Max звучи како да е во некоја врска со Google Home Hub. Google го опишува Nest Hub Max како паметен дисплеј, кој во своите звучници има интегриран Nest Cam.
Ова значи дека покрај можностите за креирање на видео повици, уредот ќе може да се користи и како безбедносна камера. Google истакнува дека може да детектира движења и звук, како и за тоа да го известува корисникот. Листингот на претстојниот производ истакнува дека паметниот дисплеј ќе има 10-инчен HD екран и стерео звучници.
Не е споменато кога Nest Hub Max ќе биде претставен, ниту колку ќе чини.