Американската војска планира да ги искористи рибите и другите морски животни за да може да ја следи активноста на своите непријатели во океаните.

Научниците сакаат да ги употребат сензорните способности на морските животни за да ги соберат сигналите, кои би можела да ги пропушти конвенционалната технологија, бидејќи овие суштества се добро прилагодени на околината.

Програмата Persist Aquatic Living Sensors (PALS) ќе ги користи добиените информации за трансформација на морските суштества во самоодржливата популација на подводните шпиони.

Вкупно 45 милиони долари се поделени за пет истражувачки тимови, од кој секој работи на одреден механизам и развива технологии за нивно следење и пренос на информациите назад до научниците.

Се очекува дека резултатите на овие студии ќе бидат објавени во следните неколку години и би требало да придонесат за темелни истражувања во однесувањето на животните, како и нивната војна употреба, пренесуваат медиумите.