Социјалната мрежа Facebook вети дека ќе го разгледа ограничувањето на стримингот во живо, две недели откако оваа функција е користена во текот на терористичкиот напад во две џамии во Нов Зеланд.

Оперативната директорка на компанијата, Шерил Сандберг изјави дека се согласува со повиците дека “мора да се направи нешто повеќе” за да се спречат таквите пропусти.

Таа истакна дека социјалната мрежа ќе ја заостри опцијата за пренос во живо.

Во меѓувреме и Нов Зеланд ќе ги разгледа неадекватните национални закони за говорот на омраза.

Министерот за правда на Нов Зеланд, Ендру Литл изјави дека сегашните закони не го регулираат “злото и омразата која ја гледаме на интернет”.

Во терористичкиот напад изведен во џамиите Ал Нур и Линвуд, во Крајстчерч, загинаа вкупно лица.