На почетокот на оваа година, Џеф Безос, покрај поради своите деловни успеси, во медиумите се најде и поради својот приватен живот. Најави развод од долгогодишната допруга, но мораше да се пресмета и со уценувачките закани на американското списание National Enquirer. Магазинот му се закануваше на Беснос дека во јавност ќе ги објави приватните фотографии и пораки кои ги разменувал со љубовницата.
Тоа, меѓутоа, не го погоди претерано шефот на Amazon, па мртов-ладен на интернет ја објави содржината на уцената и сите податоци кои некого би можеле да го интересираат, наместо да ја исплати барана сума пари. Она што секако беше сомнително е како некој воопшто можел да дојде до приватните податоци од мобилниот телефон на најбогатиот човек на светот.
Шефот на безбедносната служба на Amazon објави дека нивната истрага покажала дека смартфонот на Безос бил хакиран. Пристап до податоците во него наводно имала извесна хакерска група од Саудиска Арабија. Засега не е познато во кој обем имале можност да „копаат” низ телефонот на Безос, ниту дали списанието имало сознание за тоа. Истрагата продолжува, а експертите на Amazon му го предадоа случајот на FBI.
Saudi Arabia 'hacked Amazon boss's phone', says investigator https://t.co/Br2xJtnvYc
— BBC News (World) (@BBCWorld) March 31, 2019