WhatsApp, кој е во сопственост на Facebook минатата година го Picture-in-Picture (PiP) режимот за својата iPhone апликација, функцијата ја прошири на Android во декември. Меѓутоа, PiP Mode за Android имаше свои лимити – видеото се репродуцира само во рамки на четот. Во најновото бета ажурирање за WhatsApp, ова е исправено.
Со бета верзијата 2.19.86 на WhatsApp за Android, компанијата го подобри PiP Mode, кој сега работи слично на верзијата за iPhone. Подобрената функција продолжува да го репродуцира видеото во мал прозорец, откако ќе се напушти разговорот, ќе се намали апликацијата и ќе се премине на друга апликација.
WhatsApp се уште ја тестира оваа функција, која се уште не им е достапна на мејнстрим Android корисниците. Доколку тестовите бидат успешни, се очекува дека подобрениот PiP режим наскоро ќе им стане достапен на сите корисници.
Популарната функција има уште една функција во оваа бета верзија, а во прашање е автоматска репродукција на гласовните пораки едноподруго.