Компанијата Rocket Lab успешно лансираше мал сателит и така го обележи својот прв годинашен лет од Нов Зеланд.
Се работи за мал комуникациски сателит кој во орбитата е лансиран за Агенцијата на министерството на САД за развој на новите DARPA технологии. Исто така, ова е трет комерцијален лет на малата Electron ракета на Rocket Lab и вкупно петти лет за компанијата која почна да лансира ракети во 2017. година.
Целта на мисијата R3D2 беше да се лансира мал сателит во орбитата тежок 150 кг, кој е дизајниран за тестирање нов вид на радиска антена. Направен е од материјалот познат како Kapton, а антената е тенка како хартијата од која се прават марамчиња. Сепак, во вселената има можност за ширење. Антената е лансирана на ракетата и свиткана е во канистер, а сега кога е во орбитата, таа ќе се одмотува и прошири во својот полн облик подолг од два метра. Дизајнот би требало да понуди поголема површина за рефлектирање на радиобрановите.
Ако оваа технологија биде успешна, би можела да стане успешна опција за оние кои се занимаваат со малите сателити и кои сакаат да додаваат поголеми, помоќни радиски комуникации.
Брзите лансирања се меѓу главните цели на Rocket Lab, бидејќи сака да ја искористи револуцијата на малите сателити, кои стануваат се помали и помали.