Научниците развија техника за директно преобразување на клетките од отворена рана во нови клетки на кожата. Пристапот се однесува на репрограмирање на клетките во состојба слична на матични клетки и може да биде корисен за лекување на рани и оштетување на кожата, спречување на ефектите од стареењето и подобро разбирање на ракот на кожата.

Со ова, пластичната хирургија за лекување на големи кожни чиреви, вклучувајќи ги и оние кај луѓе со тешки изгореници, лезии или хронични болести како што е дијабетесот, би можеле во блиска иднина да станат дел од минатото.

“Нашите набљудувања претставуваат почетен доказ за принципот на in vivo регенерација на целото тродимензионално ткиво како што е кожата, а не само индивидуални типови на клетки како што беше претходно прикажано“, вели професорот од Салк, Хуан Карлос Изпиуа Бемонт, автор на новиот труд.

“Ова знаење може да биде корисно не само за подобрување на регенерацијата на кожата, туку исто така може да послужи за водење на in vivo регенеративни стратегии во други човечки патолошки ситуации, како и за време на стареењето, кога поправка на ткивата е оштетена“ додал тој.