Веќе е можно iPhone да се користи за креирање фотографии под вода, а новите генерации уреди пристигнуваат сo IP68 сертификат, кој им овозможува на корисниците да го потопат уредот во вода, без страв од оштетување.
Судејќи според се, IP68 сертификатот е токму еден од чекорите кои Apple ги има на ум во процесот на подобрување на искуството со користење на iPhone во вода. Компанијата од Купертино сака да го подобри квалитетот на фотографиите кои се креираат со iPhone, во текот на пливањето и нуркањето, а ова е објаснето во неодамна откриениот патент.
Apple сака iPhone да го опреми со група сензори, кои би служеле за одредување на соодветните подесувања за креирање на подобри подводни фотографии. Овие сензори би можеле да го мерат осветлувањето во вода, да преминуваат помеѓу боите, длабочината, притисокот или оддалеченоста на субјектот.
Со други зборови, ако сакате да фотографирате риба или корал, iPhone прецизно ќе ги одреди подесувањата потребни за фотографијата, а сето тоа базирано на алгоритмите кои ги собираат информациите од споменатите сензори.
Како и секогаш, кога се патентите во прашање, не е сигурно дека опишаната технологија некогаш ќе влезе во масовно производство, но секако нуди добар увид во визијата која ја има Apple кога се во прашање идните можности во камерите на iPhone уредите.