Apple официјално потврди дека се откажува од лансирањето на својот безжичен полнач AirPower, најавен во септември 2017. година.
По одредено време, во компанијата од Купертино заклучија дека AirPower никогаш нема да ги достигне саканите стандарди на Apple и проектот е едноставно укинат.
Компанијата им се извини на корисниците кои долго го чекаа овој производ и нагласија дека и натаму се насочени на развој на производи базирани на безжична технологија.
Неофицијално, причината за откажување на проектот е самата конструкција на AirPower, 3D завоите за полнење се сместени преблиску еднни до други, што предизвикува загревање на AirPower и бара внимателно ракување со самиот уред.
Поврзани артикли